Коце доживотно и засекогаш

Секој заслужува шанса во политиката. Знаеме дека луѓе на кои оревче од рака со машичка не би им земале, добиле шанса да владеат со цели нации и правеле спектакуларнаи срања, но тоа го сметам повеќе како некој таинствен и крајно ироничен план да од force majure да добиеме порака,  дека оние кои ги бираме да не водат се само слика и прилика какви сме и ние самите. Ако се суди према политичарите кои ни ги бираме ама одсекогаш, па просто е за плачење, памет не ни доаѓа … но тука посвршувам со вашите лидерчичи, мене поише ме тишти булшитот на локалните шерифи – градоначалници.

Шиги

Ете, боемчинава со речник како Бранко кој станал навачер у темница да моча, па по пат до тоалетот си го удрил малото прсте од ногарка и темелно пцуе се живо и диво од семејнита му лоза  до производителот на мебел, со сочни простааклаци кој кај неговите апологети (обично полуприучена снобовска ванаби окотница) со трепкање и одушевување го  одобрува. Колку вредите заради тоа, одговор дадете си сами, лоботоми!

И не е проблем што во Скопје ние и немаме градоначалник како кај сите нормални градови, еден да раководи со цел град…не не не…ради вас, гласачките овци, имаме десет-15, колку и да се, со секој со исподелени ингеренции … и после живеете во кочина? Не ми е јасно како не ви е јасно! Нејсе, нема ни да ви биде. Ко телиња читаме за Рудолф Џулијани како раководел со мултимилионскиот Њујорк, како да го прашаме за совет кога ќе праша- А кој ви е градончалник? … Па зависи од која вукојеб…општина е…па која улица е под која ингенренција и куп спектакуларни булшити, да те попапа туѓата полна пелена.

Ај, си го избравте Шиги, ок е, демократски, но ставен таму ради циркузијата, без емпатија ни кон луѓе, ни кон градов, кој нема ни основен сенс за домаќинлак, ни потреба да направи промена освен во вербална демагогија да биде дефокусер и да ја пали своја учипена гласачка дрон армија со флскули кои ништо не значат, ветувања кои не се остваруваат … тунели, банџи, жичари, ниеден нов булевар освееш шлапање боја по улици и фотошопирање на две фотографии снимени во ист месец па прикажани небаре од мрчаен средерн век … но како да му се лутам? Па тоа поминува кај вас, тогаш и има легитимно право да не секса у хипофиза!

Но покрај некаданроста и ние и градов можеме да го преживееме овој “промилен” Пиколомини, освен ако не се осмели во својот делириум тременс да потроши на срање кое потоа нема да може да се поправи, врати или санира.

Брз превоз ….

Што е тој проект? Вид трамвај? Ок, но дали бре знаете, а изгледаа и никој не знае, дека крај на 80-те имаше реферередум за трамвај и тролејбус – граѓаните на Скопје, во она, комунистичко време, некој се осмели барем да ги праша – сакате ли? Ви треба ли? Може ли вашите пари од градот да ги потрошиме за ова? Попоштено – здравје!

Кампањата се викаше Трофи и Троли со карикатура на двете возила … и референдумот спкетакуларно пропадна, во смисла, скопјани масовно гласаа против.

Прашање до Шиги- дали имаш право да го поништиш референдумот на скопјани и по која основа? Ако го поништуваш јавно кажи дека го негираш – за да можеме после да те гониме не до Хаг, туку до Хад, каде Кербер суди.

Затоа Коце не само што треба да се врати, да го втратите, ако го сакате градов, настрана за која и да сте партија, овој град треба со акламација и на референдум (карикирам) да го врати и постави за доживотен градоначалник на Скопје и да има ингеренција над целиот град. Нема локални к-ци – палци градоначалници, само општински извршители на командите од градоначалникот.

Коце е чесен, нема дамка, милион пати покажал и докажал дека го сака градов, не се срамел да засука ракави и облече гумени чизми и зацапа каде само со хазмат одело се оди и да помогне. Баш ме заболе од која партија е, он никогаш не делуваше партиски, прав градски татако. Абе само булеварите кои ги изгради и новите улици не можат да се добојосаат и обележат со сигнализација, а поминаа 4 години, колку што он има направено.

Коце е Тито за овој град, знае, умее, знае да направи тим, никогаш не е вулгарен, практичен, планира и го слуша гласот на скопјани. Јас со две раце потпишувам за овој човек, за политичар не збориме, туку за човек кој ќе ги реши сите овие проблеми. На добро му тргна no згалави со  Скопје 2014 се согласувам, дури и покрај тоа, од подземен катастар до планови за колекторски систем и уште мал милион практични решенија, да не говорам за катните гаражи за кои хитеришеа, еве ги сега со носот надоле, свесни дека и тие се премалку, дека на градов му треба оспежно, слоевито, мултифукнционално решение кое опфаќа милион аспекти. Коце имаше визија, овој има дисторзија.

Коце врати се и прво сруши ја онаа шупа од Универзална и кај Треска наместо висококатници како ајванов што планира, направи мулимедијална сала, ново срце и центар за култура на скопјани. Спречи го ова начлудничаво и половично решение за транспорт во градов.  Овој бе ни прашува, ни уво му чуе, ниту има капацитет да ги согледа сите аспекти на тоа сообраќајно полу-решение, иако мафта со студии и со пари кои ги добил како потврда дека е ок. Да, банките плачат за такви, да задложиш цел град со неквалитетно решение за да може доживотно потоа да го цицаат со катрљон кредити за санација на штетите.

Коце, недостаасува твојата човечност, стручност и професионалност, како никогаш досега!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес