![Russia Ukraine](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/krim.jpg?resize=640%2C465&ssl=1)
Парламентот во Крим денеска прогласи независност на тој полуостров од Украина, пред референдумот за присоединување на таа територија кон Русија.
„Декларацијата за независност на автономната област на Крим и градот Севастопол“ е усвоена со 78 гласови, до вкупно 81 присутен пратеник, соопшти кримскиот парламент кој што властите во Киев го сметаат за нелегален.
Парламентот на Крим за 16-ти март закажа референдум на кој што граѓаните треба да се изјаснат за присоединување кон Русија. Одлуката за референдум е донесена откако прозападната опозиција ја смени власта во Украина.
Руската Дума на 21-ви март ќе го разгледува предлогот за присоединување на странската територија која ќе изрази таква желба, како што е случајот со крим, но и забрзување на процедурата за издавање на пасоши на граѓаните од тие подрачја.