Во последниот натпревар од првата половина на италијанското фудбалско првенство, Лацио на својот „Олимпико“ во Рим го декласираше со 4:0 бранителот на титулата Милан.
Мрежата на гостите ја начна Сергеј Милинковиќ-Савиќ уште во 4 минута, а водството на Лацио со доста среќа ја удвои во 38 минута погодокот на Матија Закањи. Во вториот дел, победата на домашните ја потврдија Луис Алберто од пенал во 67 и Фелипе Андерсон во 75 минута.
Милан остана на втората позиција со 38 бодови, но сега Лацио дојде на третата позиција со 37 бодови, колку што има и четвртопласираниот Интер и петтата Рома. На чело на Серија А е Наполи со засега недостижните 50 бодови.