Во регионалното дерби од 16-на финалето на Францускиот национален куп, Ланс во вторникот вечерта со подобро изведување на пеналите го елиминираше Лил.
Лил водеше со 2:0 по првите 45 минута, со головите на Онане во 29 и 33 минута, но во вториот дел капитенот на домашните Фофан прво во 67 минута намали а потоа во петтата последната минута од судиското продолжение израмни,.
Според пропозиците, веднаш се пристапи кон изведување на ударите од белата точка, во која Ланс беше подобар. За домашните не реализираше Клаус, а за гостите Фонте и Ренато Санчез.