Со само 15 години руската натпреварувачка во уметничко лизгање Јулија Липницкаја стана најмладата освојувачка на златен медал во историјата на Зимските олимписки игри.
Русинката има 15 години и 149 денови и со тоа го собори рекордот на Американаката Тара Липински која на Игрите во 1998 година во Нагано ваков успех постигна на возраст 15 години и 255 денови.
Липницкаја заедно со Евгениј Плушченко победија во екипното натпреварување и на својата земја и го донесоа првото злато на Олимпијадата.