Љуми Бекири до Зекири: Ти се мочам во социјалдемократот чиј аргументи се религиозни книги

Еден од поистакантите актвивисти на ткн „Шарена револиуција“, Љуми Бекири, и кој се надеваше дека „новиот живот“ во кој убедуваше челникот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев ќе донесе поголеми права за хомосексуалците, со очигледно голема разочараност и резигнација го коментираше фундаменталистичкиот излив на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

„Ти се мочам на социјалдемократ што писанија од религиска книга му се аргументи, јас не гласав за ова, гласав за живот, а не за смрт“, напиша меѓу другото на својот фејсбук профил, Љуми Бекири.

 

19849131_10212518569666484_1624963043_n

„Има ли некој нормален да го подучи Зекири како е можно човек што своите убедувања ги базира врз фундаменталистичка религиска основа и тоа гордо го изјавува, а е дел од социјалдемократска партија, пишува Бекири кој вели дека борбата се водела за секуларност, а не за фундаментализам“, се наведува натаму во споменатиот пост.

Бекири вели дека ова не е ниту првиот, ниту испад на пратеникот Мухамед Зекири и дека имало други уште порадикални во однос на човековите права и секуларноста.

Во постот на Бекири се додава дака ваквото однесување на пратеникот на СДСМ не е приватно мислење, туку сеење омраза и дискриминација.

И овој активист, како и претходно поранешната фунцкионерка и пратеничка на СДСМ, Каролина Рисова-Астеруд, побара одговорност од Зекири, како полтичка, така и партиска.