Магазин

Луксузна куќа изградена од бамбус

Луксузна куќа изградена од бамбус

Бамбусот едно време се сметаше за скромен материјал, се додека Елора Харди не одлучи да не’ воодушеви со нејзината необична куќа во Бали, Индонезија.

Прекрасниот дом дизајниран од архитектонската компанија Ибуку е направен речиси целосно од бамбус, и се карактеризира со пространи простории низ кои ветерот ја има улогата на вентилација. Резиденцијата е лоцирана во внатрешноста на прашумата, обиколена со многу дрва.

Ваков дом сигурно не сте виделе досега. Харди и нејзиниот тим ни претставуваат сосема неконвенционална градба и изглед на куќа, бидејќи бамбусот самиот по себе е многу енигматичен. Столбовите од бамбус меѓусебно се разликуваат, затоа секоја соба, купатило или просторија се исклучително уникатни.

Материјалот од дрвото бамбус нуди паметни и трајни решенија за архитектонски проекти. Со мала имагинација и оддржливи ресурси, ова тропско дрво има потенцијал.

Моравме да создадеме наши правила, раскажува Харди.

Погледнете го видето подолу и дознајте повеќе како омилената храна на пандите стана новиот футуризам во архитектурата.