Македонија може да даде многу фудбалери, талентот им е во ДНК, со павилен пристап

Пласманот на Македонија на Европското првенство и понатаму се споменува во европските медиуми, главна причина за тоа е капитенот Горан Пандев кој остави голем белег во Италија.

За нашиот успех сега зборуваше менаџерот на Пандев, Леонардо Корси кој соработува со македонскиот капитен од 2003 година.

„Во Македонија има многу талент, тој талент е во ДНК на сите словенски земји. Им недостасуваше можеби само организација или правилен пристап. Она што јас можам да го видам од личните искуства и посетите на Македонија е дека таму има многу таленти. Сега во репрезентацијата се Несторовски, Трајковски, Ристовски, Барди…Погледнете само каде стигна Кулушевски. Тој е Македонец иако игра за Шведска. Верувам дека со малку по правилен начин живот и добра работа Македонија може да даде уште многу фудбалери“, смета Корси.