Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со бод ги почна евроквалификациите, откако попладнево на стартот од турнирот во ирскиот град Корк одигра нерешено 0:0 против Полска.
Македонскиот состав во второто коло од квалификациите за пласман во Елитната фаза на патот кон завршниот турнир што идната година ќе се одржи во Израел ќе игра против Република Ирска, в недела, a во последното коло противник на „црвено – жолтите“, идната среда, ќе биде Андора.
Пласман во Елитната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од 12 квалификациски групи, заедно со четири најдобро третопласирани тимови.