Макрон го потврди рокот од пет години за обнова на Нотр Дам

Францускиот претседател Емануел Макрон тврдеше во петокот вечерта дека е можно во рок од пет години да се обнови знаменитата катедрала Нотр Дам во Париз, која беше опустошена во големиот пожар на 15-ти април, без компромиси во врска со квалитетот, одговарајќи на изразените сомневања од страна на многумина стручњаци од оваа област.

„Петгодишниот рок за обновување е можен без загрозување на материјалот и процесот“, оцени францускиот претседател Емануел Макрон во говорот во чест на домитникот на Прицкеровата награда за 2019 година, јапонскиот архитект Арата Исозаки, пред стотици архитекти од целиот свет.

„Многумина ги загрижуваат работите во многу згуснатиот распоред. Свесно ја преземам одговорноста за згуснатиот распоред кој не се темели на никкава детална и стручна анализа“, призна Макрон алудирајќи на полемиката предизвикана во стручната фела од неговата желба брзо да се започне со работите.

„Мораме да направиме инвентивна реконструкција вдахновена од она што го сторил (францускиот архитект кој се смета за идеолог на стилот неоготика и основоположник на архетектурната реставрација, Ежен Емануел) Виоле-Ле-Дук, кој во XIX век изгради шилеста камбанерија и избегна секаков спор меѓу старото и модерното и смело го избрал спојот на традицијата и модероното“, додаде францускиот претседател.

Десетте добитници на наградата за архитектура Прицкер во петокот присуствуваа на свеченоста во Елисејскиот доверец пред големото свечено доделување на признанијата во Версај.