Ман е првиот британски остров кој го декриминализираше абортусот

Anti-abortion campaigners outside Tynwald. Note: this image has been edited to obscure graphic imagery

Островот Ман, самоуправна територија под британскот знаме, стана првиот остров кој го декриминализираше абортусот, во драматичната реформа којашто доби речиси едногласна поддршка во парламентот.

Претходно властите на Ман дозволуваа абортус во ограничени случаи, како кога е загрозен животот на трудницата, па многу жени патуваа во Велика Британија во приватни ординации. Законот донесен минатата седмица го овозможува абортусот во текот на првите 14 седмици од бременоста и ги проширува условите за прекинување на бременоста меѓу 15 и 24 седмици.

„Абортусот станува дел од здравствениот систем, наместо на правосудството. Исто така, се обидуваме да ја отстраниме одредената стигма околу абортусот. Жените секогаш имаа потреба и бараа абортус. Ова е здравствена процедура за жените кои тоа го бараат и би требало тоа да им се овоможи“, вели Алекс Алинсон, пратеник и предложувач на законот кој е усвоен речиси едногласно.

Со овој закон Ман се првиот дел од Британските острови кој целосно го декриминализира абортусот. Прекинот на бременоста е дозволен само во Северна Ирска, и тоа само доколку животот на трудницата е зазгрозен, додека во Велика Британија не е целосно декриминализиран.

Алинсон, кој е лекар по занимање, вели дека јавната расправа на островот, на кој има околу 85.000 жители, покажала убедлива поддршка за реформите. „Треба да направиме исчекор од законите донесени во 1800-те години и да тргнеме напред за да го решиме прашањето на абортусот и здравјето на жената, исклучиво во рамките на здравствениот систем, наместо на тоа да гледаме како на нелегален чин“, дава.

Законот, исто така, овозможува создавање тампон зони околу болниците на островот, за да се спречи демонстанти да ги вознемируваат лекарите и трудниците. Поборниците на абортусот велат дека со тоа ќе се оневозможат противниците на законот кои ги заплашувале жените кои сакале да ја прекинат бременоста.

Поради стариот строг закон, на островот се извршувале само неколу абортуси годишно. Алинсон вечи дека стотици жени секоја година патувале во Велика Британија поради абортус во приватни клиники, што заедно со превозот чини околу две илјади фунти. Други, пак, купувале апчиња на итнернет, без совети од лекари и контрола по постапката.

Соседна Република Ирска ланскиот мај изгласа либерализација на своите закони за абортусот, што значи дека сега само британската покраина Северна Ирска е единствениот дел од Британските острвои со рестриктивен закон за прекин на бременоста.

Речиси половината од проценетите 56 милиони абортуси годишно се небезбедни, што доведува до смрт на речиси 22.800 жени, на глобално ниво, според податоците на институтот Guttmacher за минатата 2018 година.