Вонредната состојба во земјата е продолжена за 14 дена, но ако нема ново продолжување, немаме избор, законот е јасен, изборите треба да се одржат на 5-ти јули, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во гостувањето на Канал 5 телевизија, и
Трче дека е најдобро „да одиме на избори со консензус од сите политички субјекти“, додавајќи дека опозицијата бега од избори, бидејќи ги знае рејтинзите, кои покажуваат водство на СДСМ.
„Она, што според мене е поважно од датумот на избори, дали на 5 јули или некој друг ден, е изготвување на протоколи за организација на изборите, протокол за изборна кампања, за денот на изборите, истакна Манчевски, додавајќи дека веројатно нема да има услови за митинзи и контакти со граѓаните, но ќе се концентрираме на медиумско презентирање, бидејќи во ова ново нормално сите треба да се прилагодиме“, рече потпротеседателот на СДСМ.
Манчевски рече дека Македонија била единствена држава во светот која немала парламент, финкционира со техничка влада, што требаше да подготви избори, а здравствената криза ја „затекнала“ земјата во таков период, но тоа не значи дека треба да трае вечно.
ЕУ до 15 јуни треба да ја соопшти рамката за преговори со нашата држава, а немањето Собрание ги одлага и тие процеси, нагласи Манчевски.
„Ние сме веќе изморени, имавме проблем, резулат на зголемувањето на бројот на инфицираните е дека оние што беа најодговорни, министерството за внатрешни работи, еднострано реши да не казнува, рече Манчевски, додавајќи дека граѓаните масовно не ги почитуваа мерките за заштита, знаејќи дека нема санкции. Сега и секојдневните проблеми на граѓаните се решаваат со уредби и затоа е неопходно што побрзо да имаме легитними институции, согласно здравствените протоколи за заштита на безбедноста на граѓание“, нагласи Манчевски во гостувањето на Канал 5.
Во истото гостување Манчевски истакна дека во изминатите три години биле исполнети стратешки цели на земјата, како и дека била обезбедена „стабилна и развојна економија и повисоки плати во здравството“
„Имаме со што да се гордееме во однос на тоа што е направено во изминативе три години. Имаме евидентни резултати во сите сектори, членка сме на НАТО и имаме отворен пат за старт на преговорите со ЕУ. Стартешките цели се исполнети, но и во делот на економијата направени се големи резултати. Наследивме економија со негативен раст на на БДП од 1,6 проценти, за пред корона кризата растот да биде 3,6 проценти’, оцени Манчевски.
Нагласи дека секогаш може повеќе и подобро, но факт е дека за само три години направен е огромен напредок, кој создаде добрa основa за предвидувањата на меѓународните финансиски институции дека по завршувањето на финансиската криза, предизвикана Ковид 19, Северна Македонија најдобро ќе се справи.
„ Нашите ветувања беа дека за четиригодишен мандат просечната плата ќе биде 30 илјади денари, ние за три години постигнавме покачување за повеќе од пет илјади денари. Доколку го имавме целиот мандат и доколку не не погодеше здравствената епидемја јас сум убеден дека ќе го достигневме нивото од 30 илјади денари. Клучно е и покачувањето на платите во здравствениот сектор, на специјалистите за 40 ппроценти, на медицинските сестри за 25 проценти што овозможи здравствениот систем во ситуација добро да се справува со вирусот. Ние немавме слики како во други држави да не може здравствениот систем да се справи за здравствената криза“, рече Манчевски.