Марсеј подобар во дербито со Монако, ПСЖ убедлив и без Меси и Нермар

Во саботното дерби од петтото коло на француското првенство Олимпик Марсеј на госи со 2:0 го совлада Марсеј, додека Пари Сен Жермен беше убедлив со 4:0 во дуелот со Клермон.

Марсеј до победата дојде со двата погодока на Сенегалецот Шеик Бамба Диенг, во 37 и 60 минута, и сега со 10 бодови од четири меч се израмни на втората позиција со Анжер, кој во недела го игра дуелот од ова коло. Монако со само една победа моментално има четири бодови и е на 14-то место.

ПСЖ ја продолжи победничката низа и ја оствари и петтата победа во исто толку натпревари и е водечки со максималните 15 бодови. Иако настапија без Лионел Меси и Нејмар, кои ба поштедени по јужноамериканските квалификации, „Светците“ беа сигурни со погодоците на Андер Ерера во 20 и 31, на Килиан Мбапе во 55 и Идрис Гуеје во 65 минита. Ова беше првиот пораз за Клермон и е пријатно изненадување на почетокот од сезоната и со осум бодови моментално е на четвертото место.