Фудбалерите на Олимпик Марсеј се искачија на второто место на табелата на француското првенство, поткако во неделата на гостувањето во ранмките на 14-то коло го победија Тулуз со 2:0.
Клучниот момент на натпреварот се одигра во 41 минута, кога Тулуз остана со играч помалку, по исклучувањето на Стивен Мореира порад груб прекршок. Во вториот дел играчите на Марсеј ја искористија бројна предност и со головите на Дарио Бенедето во 76 и Немања Радоњиќ во 79 минута дојдоа до победата.
Во претходно одиграниот меч Бордо со пресврт го победи Монако. Гостие поведоа во 15 минута со голот на Ислам Слимани, но алжирскиот напаѓач во продолжението стана трагичар. Бордо израмни во 29 минута со голот на Пабло, а пресвртот го направи Николас Де Превил реализирајќи пенал во 69 минута. Најстрогата казна ја направи Слимани кој играше со рака и притоа го заработи вториот жолт картон, по што беше исклучен и тоа само десет минути откако го заработи првиот поради приговор.
Сен Етјен не успеа да се пробие некои место погоре на табелата откако пред своите навивачи одигра без голови со Монпелје.
На табелата води ПСЖ со 33 бодови, Марсеј е второпласиран со 25 бодови, Анжер е трет со 24, додека Бордо и Сен-Етјен имаат по 22 бода. Последните две места кои водат во понизок ранг на наптреварување ги држат Тулуз со 12 односно Нимс со 11 бодови.