Медицинска сестра хоспитализирана поради сомнеж за ебола

Медицинската сестра, за која постои сомнеж дека е заразена со вирусот на ебола преку контакт со заболен хуманитарен работник, денеска е примена во француска болница.

Жената има висока температура и е транспортирана при зајакнати безбедносни мерки од нејзиниот стан до воената болница во Париз.

Таа имала редовен контакт со француската медицинска сестра, која работела како волонтер за организацијата „Лекари без граници“ во Либерија.

Жената се зарази со ебола и беше префрлена во Франција на почетокот на овој месец, каде беше лекувана со експериментален метод и преживеа.