Британската премиерка Тереза Меј им порача во вторникот на пратениците да гласаат за договорот за истапувањето на Велика Британија од Европската унија којшто таа го испреговара со Брисел или дека ризикуваат останување во Унијата.
Меј ги повика пратениците „демократијата да ја стават пред партиските поделби или лични прашања“ додека се очекува дека бројните евроскептици во нејзината Конзервативна партија и опозициските парлемтарци да гласаат против договорот.
„Работата е јасна, овој дом веќе гласаше против договорот“, рече Меј во парламентот кој подоцна во вторникот треба да се изјасни за договорот. Доколу парламентот повтотно гласа против, Меј вети дек во среда ќе го поднесе на гласање решението да се гласа за излегување од ЕУ без договор.
„Мислам дек сите треба да знааат, оние коишто сакаат брегзитот да се случи, дек ризикуваат брегзитот воопшто да не се случи доколку вечерва не го изгласуваме овој договор“, истакна премиерката.
Средбата со нејзините конзервативци во пресрет на гласањето, Меј ја оцени како „доволно добра“.
Конзервативните пратеници и министри присутстувале на средбата неколку часа пред гласањето за измената на договорот меѓу Меј и ЕУ. Евроскептичните политичари се сомневаат дека новите остапки коишто Лондон ги добил од Брисел се доволно силна гаранција.
„Тоа беше серизен состанок. Тонот беше многи внимателен. Некои луѓе во целост сѐ уште не се убедени, но јасно размислуваат до стоа. Премиерката исткана дека мораме на ова да гледаме политички, но и правно, какви ќе бидат последиците за државата дококул не го спроведеме договорот.. Мислам дека ќе победи вечерва, мислам дека сите ќе победиме. Во спротивно нестабилноста коајшто ќе настапи ќе биде многу непријатна“, истакан министерката за труд и пензиски систем, Амбер Рад.
Сепак, прашањеро за ткн „бекстопот“ не е решено. Британскиот државен секретар Џефри Кокс, претходно изјави дека изменетиот договор за брегзитот не дал средства за унилатерланото напуштање на бекстопот доколку се сличи неуспех во трговските преговори. Премиерката Меј во понеделникто потпиша три документоа во последните напори за решавање на најспорниот дел од договорот за раздружувањето, воспоставуњето на граничните контроли на Ирскиот полуостров.
Мислењето на Коскс е клучно за да се обезбедат гласовите на евроскептичните пратеници на конзервативците на Меј. Таа се надеваше дела измените на договорот за брегизитот по прашањето за „бекстопот“ ќе бодат доволни овој договор да биде прифатен во британскиот парламент. Дел од пратениците, пак, стравуваат дека „бекстопот“ би ја задржал Британија врзана за ЕУ без временско ограничување.
Кокс изјави дека и натаму остануваат правните ризици дека Велика Британија доколку се случи неуспех на тровските преговори ќе остане на „неодредено врме и против својата волја“ под „бекстопот“.
Челникот за брегзитото на опозициските лабуристи, Кејр Стејмер, прогласи дека владината стратегија по изјавија на Кокс, се „во распад“. „Државниот правобранител потврди дека немало позначителни измени во договорот за излегувањето, и покрај правните документи кои се договорени изминатата ноќ“, порача Стејмер.