Мерсисајд дербито без голови

Во првиот натпревар од 33-то коло од англискиот фудбалски шампионат, во ткн Мерсисајд дерби кој се играше на „Гудисон Парк“, фудбалерите на Евертон и Ливерпул одиграа еден здодевен меч кој заврши без голови.

Условните гости на ова дерби, „редсите“ беа подобриот тим во првото полувреме, додека во второто фудбалерите на Евертон сѐ повеќе му се закануваа на голманот Кариус. Но и во двете посериозни шанси во самиот финиш на мечот не беа прецизни.

И првиот лигашки дуел сезонава на истите актери заврши без победник. Тогаш Ливерпул имаше дури 80 отсто од поседот на топката, а поведе во 43 минута преку својот најдобар играч годинава Мохамед Салах, но Евертон дојде до бод преку Калвер Левин во 77 минута.

Ливерпул со 67 бодови се доближи на бод заостанување зад второпласираниот Манчестер Јунајтед (68) кој во второто големо градско дерби ќе гостува кај водечкиот Манчестер Сити кој има 84 бодови. „Граѓаните“ со евентуална победа уште попладнево може да ја потврдат титулата англиски фудбалски првак. Евертон, пак, со 41 бод остана на деветтото место на деветтото место.

Во сабота од 16 часот започнаа дуелите Бурнмут – Кристал Паласм, Брајтон – Хадерсфилд, Лестер – Њукасл, Стоук – Тотенхем, Ватфорд – Барнли и ВБА – Свонси, додека во 18,30 започнува дербито во Манчестер. Во недела, пак, играат Арсенал – Саутемптон, во 15,15 часот, и Челзи – Вест Хем, кои играат со почеток во 17,30 часот.