Металург кај Спортинг потклекна во второто полувреме

Вториот македонски претставник во ракометната Лига на шампиионите, Металург е поразен во саботата со 26:34 на гостувањето кај лисабонски Споретинг, но разликата не го одразува вистински она што скопскиот тим го покажа на теренот, особено во првото полувреме

По нерешеното прво полувреме (13:13), во кое Металург пропушти водство и од неколку голови разлија, повторно за неговите ракометари кобно беше второто полувреме. Тоа, секако, се должиу на куста клуба на скопскиот тим и заморот кај неговите млади играчи.

Металург одигра одлично прво полувреме во кое го надигра својот денешен противник и водеше во најголемиот дел од првите 30 минути, најчесто со два гола разлика, а имаше и три напада за позитива од три гола, но не искористи ниту еден. Во првото полувреме во одлично издание се претстави македонскиот голман Мартин Томовски, кој во овој дел од средбата забележа дури 10 одбрани и е еден од најзаслужните за постојаното водство на Металург. Во првото полувреме Спортинг имаше предност во само два наврати и постојано беше во ситуација да ја брка нашата предност и да се бори разликата да не стане и повисока. Сепак, Металург не успеа да го добие првиот период од играта, кој заврши со резултат 13:13.

За жал, Металург катастрофално влезе во вториот дел, кога му овозможи на Спортинг да направи серија од 4:0 и првпат да дојде до чувствителна предност. Металиртг првиот гол во второто полувреме го постигна дури во 36 минута, но уште тогаш стана јасно дека немаат сили да ја повторат играта од првиот дел. Во овој дел немаше поддршка од нуиту од голамните, кои забележаа само две одбрани, и двете на Даниловски. Слабостите на Металург ги искористи екипата на Спортинг, која постепено ја зголемуваше предноста до максималните плус 8.

Сепак на крајот радува играта на младите македонски ракометари, како Танковски со шест, Серафимовски со пет и Лазаревски четири погодоци, а своите први голови за Металург ги постигнаа Стојановиќ (3) и Миличевиќ (2).

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Металург ќе го одигра на 23-ти септември, кога во Скопје ќе ја пречекува екипата на Бешикташ.