4.8 C
Skopje
сабота, декември 28, 2024

Мицкоски до Азески: Имате погрешни информации, ве излажале, ве наседнале

Човек ќе помине цел живот и нема да ја научи основната лекција, не суди врз основа на едно слушнато лажно мислење, тоа те прави, и покрај сето искуство, недостоен. Па и во минатите режимски времиња од едно мислење не се обвинувало, судело и пресудувало, осудениот имал право на свое мислење. Но, ете…, тоа е нашата бизнис елита, а требаше да биде авангарда, кога веќе Владата не ја бива, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нема да слушнеме збор или два за најкорумпираната и најкриминалната Влада на Балканот, заробените институции, обвинителства и судови, дебаклот во економијата, изгубените работни места, неуспешните реформи во образованието, имунизацијата со ваксајнс, рекордите по заболени и починати од корона…., аааа не за тоа нема да прочитате од бардот на македонската стопанска комора, но затоа врз основа на тоа што му го кажале Битиќи и Бесими тој веднаш го впери прстот кон опозицијата и лаконски ја осуди без притоа да ја слушне таа што има да каже. Е па господине Азески имате погрешни информации, ве излажале, ве наседнале, жалам, очекував повеќе од вас…, вистината е поинаква и да, еве ви ветувам вака јавно кога тие закони навистина ќе дојдат во парламентот, ќе ги поддржиме.

Ние сакаме да бидеме партнери со бизнисот, а не да ве рекетираме, ние сакаме да спасиме повеќе работни места, а не да фингираме, ние сакаме поинаква Македонија, охрабрете се, застанете со нас, до вистинските вредности, оставете ги овие мафијаши од власта, одбројани им се деновите. Ве поздравувам и Ви посакувам подобри бизнис резултати и повеќе спасени работни места и помалку да дозволувате да бидете лажени од луѓе што во својот живот шајка не заковале“ – истакна Мицкоски.