
„во ВМРО-ДПМНЕ бев дел од првата генерација и бев во ВМРО-ДПМНЕ во втората генерација, а ја предводам третата генерација. И ние, господине Заев, вмровците не се откажуваме и никогаш нема да се откажуваме. Туку како секој лидер и претседател, се што било погрешно го прифаќам на себе и подготвен сум тоа што било погрешно да понудам да го исправам во мандатот доколку народот ми даде доверба. Јас не се откажувам и ние како ВМРО не се откажуваме од никого. За секој човек се бориме. Еден за сите, сите за еден, порача Мицкоски.
Потоа го праша Заев дали за овие работи ќе им се извини на битолчани:
Дали, господине Заев, ќе соберете храброст да им се извините на битолчани за ТАТ? Дали, господине Заев, ќе имате доблест и храброст, да им се извините на битолчани со вашата заменичка која тогаш беше претседател на подмладокот на Бранко Црвенковски, за октоподот? Дали, господине Заев, утре кога ќе дојдете и ќе ги гледате битолчани ќе им се извините за транзицијата, за уништената економија, за тоа што доаѓаа со натажени погледи и ги гледаа своите чеда бидејќи нема да можат да им го платат школувањето? Дали за таа расипничка и разурнувачка политика, господине Заев, имате храброст да излезете и да се извините? Дали, господине Заев, имате храброст да излезете и да се откажете од Заев, оној кој што беше аболиран за сторен криминал од 8 милиони евра? Дали утре овде ќе се извините за Мирчо свињарникот и за евро за Вицето, евро за црквата, праша Заев.
Мицкоски порача: Ние во ВМРО не се откажуваме од никого, од прв до последен се бориме за секој човек.