![Screenshot_1-96](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/Screenshot_1-96.jpg?resize=696%2C378&ssl=1)
Не би се согласил дека е тоа политички спектакл, мислам дека граѓаните генерално во Македонија, народот на Македонија без разлика дали се тоа Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Срби, Роми и останати се незадоволни од денешната политичка реалност, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на телевизија Клан.
„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија овие четири години помина низ многу премрежја и низ многу предизвици, јас сум убеден дека минатата година да не се случија сите овие злоупотреби, кои што би рекол беа фолклор од оние вонредни состојби коишто на дневна основа или по потребите на власта ги штанцаше Стево Пендаровски и тогаш ќе се случеше голема победа на опозицијата. Но, тоа е една друга тема за којашто сме зборувале во Вашата емисија и не би се навраќал назад. Мислам дека вложивме многу како луѓе, и мислам дека имавме една свежа кампања со јасни пораки за многу теми, кои што ги тиштат граѓаните и направивме резултат од кој што би било неискрено да кажеме дека не сме задоволни. Задоволни сме од резултатот, бидејќи имаме еве околу 320 и неколку илјади гласови за кандидатите за градоначалници, што навистина претставува солиден резултат имајќи предвид дека ние немавме кандидати за градоначалници во многу општини во кои што во минатото традиционално сме имале“, рече Мицкоски.,
Додаде дека на ваква ниска излезеност на локалните избори од 51,5 отсто, ВМРО-ДПМНЕ доби над 320.000 гласови и над 70-ина советници ширум Македонија, а во Скопје доби убедлива победа во пет општини во првиот круг, дури и партијата има мнозинство на советници во Град Скопје.
„Во вториот круг сме во 28 општини во цела Македонија така што ценам дека навистина направивме солиден добар резултат. Продолжуваме со истото темпо, мораме да направиме резултат со кој што на крајот нели од локални избори ќе покажеме, докажеме дека можело во Македонија поинаку изминативе 30 години“, нагласи Мицкоски.