ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази СДСМ и Заев тоа е евидентно веќе, без разлика дали се редовни или предвремени избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажувајќи дека е подобро да има предвремени избори.
Мицкоски укажа дека се гледа крајот на Заев.
Се надевам дека граѓаните на следните избори ќе му дадат отказ на Зоран Заев. Она што загрижува во целата рашомонијада премиер и министер е што никој не му кажал дека е спротивно, ме разочарала таа личност професор е на Правен факултет. Требаше да му кажат „што правиш“. Замислете кога имате таква личност која не ви кажува, замислете го амбиентот на „Илинденска“ број 2, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека откако граѓаните ќе му дадат отказ на Заев, тој ќе го потсети на членот од КЗ 353.
Истиот вели:
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, вчера обидувајќи се да го прикрие скандалот истакна дека тендерот бил завршен во 2016-та година.
Во таа насока, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашува ако тендерот бил завршен тогаш, што бара рашковски со еден од понудувачите?
Рашковски претскажува дека тој ќе го добие тој тендер. Што бара тогаш зетот за сестра на министерката за правда да го потпишува договорот во 2018-тата година? Се знае што бара Рашкоски. Тоа се процентите кои во тој разговор ги споменува господинот Рашкоски, рече Мицкоски.