Мицкоски: Македонија мора да стане нормално и пристојно место за живеење

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес ги посети струшките наслени места Враништа и Ложани.

„Луѓето овде велат дека никогаш порано не се живеело полошо. И не е само беспарицата проблем, туку и нарушеното достоинство преку промената на името на земјата.

Власта сака со еден потег да не избршише, преименува она што со векови постоело и ќе постои, и притоа тоа го прави на безкруполозен начин, со кршење на процедури и непочитување на волјата на народот.

Граѓаните тоа го чуствуваат и знаат. Велат станавме место каде правната држава непостои, корупцијата е основно средство на власта преку кое може единствено да се реши некоја работа.

Кога ова го прават со името, кога ваква неправда нанесуваат во институциите, кога вршат ваков невиден прогон велат што остана со нас обичните граѓани. Ова е жалната реалност.

Македонија мора да стане нормално и пристојно место за живеење.

Во Македонија мора законите да важат подеднакво и да има владеење на правото. Само така ќе станеме вистинса држава, место на среќни граѓани“-напиша Мицкоски на својот Фејбук профил.

Претходно, Мицкоски беше и на средба со жителите од Пештани.

„Овие луѓе велат сме заборавени и од градската управа и од централната власт, а овде се живее само неколку месеци во текот на летото, во останатите нема живот. Се повеќе луѓе се иселуваат во странство.

Во овие две години нема ниту една единствена инвестиција во туризмот, освен дивоградбите на брегот на езерото од моќници и луѓе кои како по правило не се од Охрид. Секоја година е се полошо, а власта нема идеја како да направи конкретна туристичка промоција и да го поддржи развојот на туристичкиот потенцијал.

Пештани се соочува со основни инфраструктурни проблеми, а за нешто повеќе во туризмот не се ни размислува, затоа што владата и министерствата немаат желба да помогнат. Додека регионот се развива со неверојатна брзина, Македонија стагнира. Владата нема чуство за развој на турзмот и решавање на проблемите. Тоа се работите кои можат и мораат да се променат.

Пештани заслужува повеќе и ова место ќе го има нашето внимание и грижа“-посочи тој.