Младата невеста на Берлускони била бремена, а тој …

Марта Фашина (32), италијанска политичарка и две години придружничка на лидерот на Форца Италија, бизнисменот Силвио Берлускони, повторно се најде во центарот на озборувањата.

Причина? По свадбата на Берлускони и Фашина, се случи лавина на гласини, кои започнаа од објавата на Интернет на Роберто Алеси, директор на списанието „Новела 2000“:

„Марта Фашина веројатно е бремена“, беа зборовите на новинарот. Овие зборови продолжија да се прелеваат низ (речиси) сите италијански сајтови, но и во европските.

Не, Марта Фашина не е бремена. По гласините од последните неколку часа, „Форца Италија“ е таа која демантираше. „Лажна вест“, ја дефинираа веста од канцеларијата на Берлускони. „Овие се луди“, беше коментарот на најблиските до поранешниот премиер. Силвио Берлускони, очигледно, нема да стане татко по шести пат на речиси 86 години, нема бебе кое пристигнува во вилата Сан Мартино.

Останува свеченото ветување за брак што двајцата го прославија во вилата Гернето на 19 март, Денот на таткото, со свадбена торта, бел фустан, здравици и гости. Свадбата беше, нели, само симболична?!

Силвио Берлускони е веќе татко на пет деца: со својата прва сопруга Карла Елвира Лусија Дал’Ољо ги има Марина и Пјер Силвио; од вториот брак со Вероника Ларио (бракот траеше од 1990 до 2014 година) – Барбара, Елеонора и Луиџи. И не само татко, туку и дедо: Берлускони има 12 внуци: две внуци од Марина, три од Пјер Силвио, четворица од Барбара, двајца од Елеонора и најмалиот Емануеле Силвио, син на најмладиот Луиџи.