МНР бара од Унгарија веднаш да го одбие барањето за азил на Груевски

Протестна нота од македонска до унгарска страна, по повод последните информации поврзани со сокривањето и барањето политички азил во Унгарија од страна на поранешниот премиер на Никола Груевски му е врачена во понеделникот на унграскиот амбасадор Ласло Дукс, кој бил повикан на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, информираа од Министерството за надворешни работи.

„Димовски изрази надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи „во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него“, се вели во соопшетнието на македионската дипломатија.