Моника Левински, која работеше како советничка во администрацијата на Бил Клинтон изјавила дека „длабоко жали“ за нејзината афера со американскиот претседател.
„Искрено жалам за она што се случи меѓу мене и претседателот Клинтон“, вели четириесетгодишната Левински (40) во авторски текст.
Таа објаснува дека по избувнувањето на скандалот во 1998 година, морала да го истрпи насилството врз неа, како и да ги прима сите јавни навреди и понижувања, затоа што верува дека била „жртвен јарец“ за да се спаси претседателот.
Според Левински, тогаш сите можеле слободно да ја етикетираат како што сакаат и тоа го правеле, како луѓето од Адаминстрацијата и оние околу специјалниот обвинител за аферата, така и политичарите од редовите на републиканците и демократите и медиумите.
Ова е првпат, по една деценија, Моника Левински да прифати да зборува за еден од најголемите скандали во Белата Куќа пред крајот на 20 век, што го потресе Вашингтон и за малку ќе предизвикаше Бил Клинтон да биде сменет од претседателската функција.