Моника Левински „искрено жали“ за аферата со Бил Клинтон

Моника Левински, која работеше како советничка во администрацијата на Бил Клинтон изјавила дека „длабоко жали“ за нејзината афера со американскиот претседател.

„Искрено жалам за она што се случи меѓу мене и претседателот Клинтон“, вели четириесетгодишната Левински (40) во авторски текст.

Таа објаснува дека по избувнувањето на скандалот во 1998 година, морала да го истрпи насилството врз неа, како и да ги прима сите јавни навреди и понижувања, затоа што верува дека била „жртвен јарец“ за да се спаси претседателот.

Според Левински, тогаш сите можеле слободно да ја етикетираат како што сакаат и тоа го правеле, како луѓето од Адаминстрацијата и оние околу специјалниот обвинител за аферата, така и политичарите од редовите на републиканците и демократите и медиумите.

Ова е првпат, по една деценија, Моника Левински да прифати да зборува за еден од најголемите скандали во Белата Куќа пред крајот на 20 век, што го потресе Вашингтон и  за малку ќе предизвикаше Бил Клинтон да биде сменет од  претседателската функција.