![monpelje lion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/monpelje-lion.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Во заостанатиот натпревар од француското фудбалски првенство, Монпелје како домаќин со 2:1 славеше против Лион.
Двоен стрелец за домашните беше Тежи Савание во 38 минута од пенал и во 59 минута, а за гостите намали Мемфис Депаји во 82 минута од белата точка.
Двете екипи натпреварот го завршија некомплетни. Кал Лион во 44 минута беше исклучен Усем Аоур, а во как Монпелје во 81 минута беше исклучен Виторино Илтон.
Монпелје по три кола со две победи и еден пораз со шест бодови е на петтото место на табелата, додека Лион освои досега четири бодови со по една победа, пораз и реми.