Монструозно: Ја касапел цела ноќ со нож, а потоа ја силувал

Љуба Н., на 32 години е уапсен поради сомнение дека на 16-ти март во село Радоево кај српски Зрењанин провалил во куќата на 68-годишната сосетка, која прво ја претепал, ја полеал со вода и ја мачел со часови, а потоа ја силувал и ја ограбил.

Како што дознаваат српските медиуми, уапсена е  и неговата помлада сестра, на 17- годишна возраст, која учествувала во монструозното насилство, но не и во силувањето. Злосторството се случило вечерта, кога пред куќата на жената наводно осомничените биле донесени од двајца соучесници, по кои полицијата трага.

„Жената живее сама во куќата, а тоа го знаеле осомничените бидејќи ѝ се соседи. Прво почнале брутално да ја удираат со раце и нозе, заканувајќи ѝ се дека ќе ја заколат и ќе ја остават без ништо“, велат извори од истрагата.

Како што се додава, постариот осомничен потоа отишол чекор подалеку.

„Ја соблекол жртвата и со нож ѝ врежувал иницијали на телото. Жената врескала и повикала помош, но никој не ја слушнал. Тоа траело речиси цела ноќ“, велат изворите.

Ужасната тортура не престанала ниту тука. Се сомничи дека повозрасниот Љ. Н. на крајот ја силувал жената, по што наводно со сестра му ѝ ги украле парите и мобилните телефони и побегнале.

„Жртвата се онесвестила од тепањето а потоа еден од нив ја силувал. Потоа ја оставиле да лежи во иста положба до утрото, кога нашла сила да повика помош“,  вели извор од истрагата.

Жителите на село Радоево за Ало.рс. велат дека се во паника поради настанот кој ја вознемири цела Србија.

„Загрижени сме за безбедноста. Има многу самохрани домаќинства. Жените живеат сами. Во последните неколку месеци се провалувани куќи, ограбувани и таму каде што има камери“, велат жителите.

Извор: Ало.рс

ФОТО: Социјални мрежи