Ниту модуларната болница во Штип не осигурена од евентуален пожар. Поради бирократски причини и одлуката на Јавните здравствени установи да не интервенираат и да го променат годишниот план за јавни набавки, монтажните КОВИД објекти за кои беа потрошени четири милиони евра само за изградба и дополнители 600 илјади евра за опремување остaнаа неосигурени од можни несреќи. Неосигурена била и монтажаната болница во Куманово, а од таму велат дека веќе распишале тендер за да ја осигураат, објави Алсат.
Оттаму прашале во министерството за здравство, зошто како превенција не биле осигурани овие монтажни објекти.
Модуларните болници откако се поставуваат истите се примопредаваат на Јавните здравствени установи на управување. Натамошната имплементација на протоколите е во согласност со одлуките на менаџирање на болниците под чија надлежност се овие помошни инфективни одделенија, велат од Министерство за здравство.
Алсат вчера објави дека не е осигурена ниту модуларната болница во рамки на Инфективната клиника во Скопје, иако е во употреба повеќе од една година. Овој објект е изграден со донација на Швајцарија. Од Клиниката посочија дека и тие се во процес на осигурување на монтажниот дел. Не се осигурени ниту модуларните центри во Битола, Охрид и Струга. Пожарот во тетовското модуларно одделение кој однесе 14 животи го отвори прашањето дали директорите на регионалните болници низ земјава, ги осигурале овие помошни инфективни одделенија. Но, нема информација и дали модуларната болница во Тетово била воопшто осигурана од несреќи. Инаку средствата за изградба на овие објекти се финансирани преку кредит од Светска банка која најави дека како финансиер на проектот, внимателно ја следи разврската на истрагата која треба да покаже зошто се запали монтажната болница во Тетово.
Модуларните центри низ Македонија ги монтирше велешката фирма „Брако“. За сега и ниедна институција не открива која сертифицирана фирма извршила надзор над монтираните објекти за да се утврди дали истите се според договорот кој го финансираше Светска банка. Ниту министерството за здравство ниту министерството за труд и социјална политика преку кое одеше постапката за изградба на болниците не откриваат која е таа фирма. Дали воопшто имало надзор врз предадените модуларни болници истражува и обвинителството, додека фирмата „Брако“ како изведувач посочи дека пролонгираното отворање на болницата во Тетово било само поради естетски недостатоци.
Извор: Алсат