Повеќе од 30.000 подземни удари ја погодиле областа на Антарктикот од крајот на август, соопшти реномираниот чилеански универзитет за земјотреси и вулканологија, што претставува скок на сеизмичките активности што ги интригира научнците кои го проучуваат далечниот леден континент.
Научниците од чилеанскиот универзитетски Национален сеизмолошки центар велат дека помали земјотреси и еден посилен со магнитуда од 6 степени се рагистрирани во Брансфилдовиот теснец, стотина километир широкиот премин меѓу архипелагот Јужен Шетланд и Антарктичкиот полуостров.
Неколку тектонски плочи и микроплочи се пресекуваат во теснецот, што резултира со чести земјотрес, но изминатите три месеца биле невообичаено бројни, објави чилеанскиот центар.
„Повеќето сеизмички активности се концентрирани на почетокот на низата, главно во текот на септември, со повеќе од илјада потреси дневно“, се наведува во соопштението.
Земјотресите станале толку чести, што самиот теснец кој некогаш се ширел со темпо од 7 или 8 милиметри годишно, сега се шири со 15 сантиметри во годинината, предупредуваат научнциите.
„Станува збор за дваесеткратно зголемување…, што претпоставува дека токму оваа минута Јужните шетландски острови се одвојуваат побрзо од Антарктичкиот полуостров“, вели директорот на центарот, Серхио Бариентос.
Полуостровот е едно од местата на Земјата коишто најбрзо се загреваат и научниците со големо внимание го следат влијанието на климатските промени врз тамошните ледници и движењето на сантите мраз.
Меѓутоа, климатскиот научник Раул Кордеро, од универзитетот во чилеанската престолнина Сантијаго, вели дека не е јасно како земјотресите влијаат врз мразот во оваа област.
„Нема докази дека овој вид сеизмички активностти… има значително влијание врз стабилноста на поларниот леден покривач“, додава Кордеро.