Американскиот претседател Џо Бајден во неделата се потсети на обединетиот американски одговор на нападите на Ал Каеда од 11-ти септември 2001 година во текот на свечената комеморација во Пентагон и вети дека „никогаш нема да отстапи“ пред терористичката закани.
Забелешките на Бајден за националното единство на 21-годишнината од нападите се во спротивност со неговите предупредувања искажани изминатите денови за опасните поделби во американското општество, вклучително и тоа дена некои републиканци кои ја поддржуваат агендата на неговиот претходник на претседателската должност републиканецот Доналд Трамп претставуваат „закана за демократијата“.
„Се надевам дека ќе паметиме дека по тие мрачни денови се трудевме уште посилно. Се грижевме едни за другите. И се обединивме“, рече Бајаден придружуван од воениот врв.
Близу 3.000 луѓе загинаа во нападите изведен со грабнати авион за што одговорноста ја презема Ал Каеда кои ги заби во облакодерите „близнаци“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, и во Пентагон во Арлингтон во сојузната држава Вирџинија, додека четвртиот авион се урнал во сојузната држава Пенсилванија по судирот меѓу патниците и грабнувачите. Според официјалната верзија, патниците на летото 93 на „United Airlines“ ги совладале грабнувачите и авионот паднал во поле со што било спречено уште една досега неидентификувана цел да биде погодена.
Годишнината се одбележува речиси една година откако американските војски се повлекоа од Авганистан, каде што изведоа инвазија со поддршка на сојузничките земји пред две децении токму поради нападите од 11-ти септември кога ја урнаа талибанската влада која даваше засолниште на водачите на џихадистичката терористичка мрежа.
Хаотичното повлекување од Авганистан под водство на администрацијата на Бајден и брзото враќање на власт на талибаните беа критикуван од членовите на двете водечки партии во САД.
Но Бајден вети дека ќе ја продолжи борбата против тероризмот. „Нема да запреме. Нема да заборавиме. Нема никогаш да се откажеме“, изјави американскиот претседател.
Претходно во август Бајден одобри напад со беспилотно летало во кој во авганистанската престолнина Кабул беше ликвидиран водачот на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал-Завахири, хирург чијашто глава беше уценета на 25 милиони долари и кој наводно помагал во координирањето на нападите од 11-ти септември 2001 година.
Американски воени и разузнавачки функционери предупредија дека целосното американско повлекување од Авганистан би им овозможило на Ал Каеда и на Исламската држава да зајакна, и доколку не бидат следени може да почнат да дејствуваат против САД.
Бајден и другите претставници од неговата администрација велат дека заканите од тероризам се проширила ширум светот во текот на изминатите 21 година, и дека постоја подобри начини за борба отколку неодредените долги воени ангажмани и војната.
„Нашата предност во спречувањето нов напад врз САД е бескрајна“, гарантира Бајден.
Првата дама на САД, Џил Бајден, присуствуваше на комеморацијата во Пенсилванија во неделата утрото по локално време, додека потпретседателката Камала Хариса и нејзиниот сопруг Доиг Емхофф, присуствуваа на комеморацијата во Њујорк.
Во Њујорк, главните моменти од нападот од 11-ти септември, како оној кога се урнаа двата облакодери на трговскиот центар, беа одбележани со момент на молк по биењето на камбаните.
Семејствата на жртвите од нападите на 11-ти септември со години чекаа лицата обвинети за планирање и помош на грабнувачите да бидат изведени пред судот и да бидат осудени, вклучително и самопрогласениот „мозок“ на операцијата Калид Шеик Мохамед и уште други четири лица кои се затворени во затворот во американската воена база во заливот Гвантанамо на Куба.
Во неделата Бајден за новинарите изјави дека „постои план за тоа“ обвинетите за заговорот за изведување на нападите да бидат изведени пред правдата, но добил натаму да коментира.