Над 500 нови случаи на ебола минатата недела

Повеќе од 500 нови случаи на заразени од ебола минатата недела. Ова е поголем број од било која седмица од појавата на епидемијата досега.

Најмногу од минатонеделните случаи се во Либерија, но има и во Гвинеја и Суера Леоне.

СЗО вчера предупреди дека ширењето на епидемијата во Западна Африка се забрзува и бројот на заразени може да достигне 20.000 лица. Досега од смртоносниот вирус починале повеќе од 1.500 луѓе, а 3.000 се заболени.

Прв случај на ебола бил потврден и во Сенегал, соопштија здравствените власти.