Еден од напаѓачите во Париз поминал низ Македонија

Еден од терористите што ги извршија нападите во Париз, поминал низ Македонија. Тој ја поминал целата балканска мигрантска рута со сириски пасош на име Ахмед Алмухамед, објави ексклузивно Блиц.

Спрспки „Блиц“ прв во светот ја објави фотографијата и идентитетот на еден од осмината терористи кои настрадаа во крвавиот пир во Париз, во кој беа убиени повеќе од 150 недолжни луѓе.

Претходно, како што објавија медиумите, во рамки на истрагата за нападите, бил најден сириски пасош на име Ахмед Алмухамед. Пасошот е најден во близина на телото на еден од напаѓачите, во концертната сала Батаклан каде животот го загубија 89 лица.

terorist-pariz

Врз основа на тој пасош, француската служба на безбедност побарала помош од балканските служби, врз основа на што се утврдило дека Алмухамед влегол во Грција на 3-ти октомври, а преку Македонија на територијата на Србија влегол на 7-ми октомври.

Претходно грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас изјави дека напаѓачот бил регистриран на грчкиот остров Лерос.

Потврдуваме дека лице со таков сириски пасош поминало низ грчкиот остров Лерос на 3-ти октомври каде беше регистриран согласно ЕУ регулативата, се вели во изјавата на Тоскас.

Во моментов се проверува автентичноста на документот. Сепак, грчката полиција не ги исклучува можностите овј пасош да бил украден или одземен пред нападите.

Регистриран е во центарот на Прешево каде формално побарал азил. Потоа го продолжил патот и преку Србија влегол во Хравтска, па во Австрија, од каде се упатил во Париз.