Додека во ЕУ најголемите се занимаваат со повлекување на она што го дале, Германија како носител на четвртина од БДП на ЕУ, си повлече над 50 отсто од предвидената помош од извршното тело, Комисијата на ЕУ, а Италија и Франција околу 17 отсто, остатокот, трошките им припадна на останатите членки, кои плачат дека неможат да ги надминат последиците од Коронавирусот пресликани во затварањето на економиите и неработењето.
Како математички точно пресликано кај нас, но обратно поставено, државата како најголемиот трошач прво си повлече за себе и апаратот, а оние кои го полнат буџетот, тие се разбира имаат, па се бара и се очекува од нив и понатаму да го полнат буџетот.
Не е спорно го почувствуваа моментот уште веднаш, кога се враќаа стоките од извоз не смогнаа сила да ги слушнат потребите на извозниците кои произлегуваат од обврската да се плати ДДВ при враќање на извезената стока назад во Македонија, да направат една едноставна уредба и да ги ослободат од плаќање на ДДВ, барем да не им е на товар, едноставно си ги прибраа парите, па овие првите ќе имаат за земање или пребивање, ова колку за пример.
Но, што сторија, побрзаа да ги кажат своите маки по медиумите дека локалната власт се соочила со голем проблем, очекуваните приливи во буџетот на општините не бил доволен, неможеле градоначалниците никако крај со крај да сврзат, па поради намалените приливи од собирањето на комуналните давачки, ги редуцираа услугите, што да прават, мерки за превенција, Коронавирус.
Среќа наша што се појави целава оваа состојба во светот, па мораа и нашиве малку да се сопрат, па можеби сфатија дека и бунарот ако нема снегови и дождови, не се дополнува, ќе пресуши.
Првиот момент не го сфатија, не е спорно не го почувствувале моментот, можеа наместо да бараат, да не земаат, им се виде дури и многу ниска цената на нафтата, па си ја подкачија, добро е, корисно е, не држат во кондиција да не заборавиме.
Наместо сега, после 2 месеци да се свртат кон големите, на малите секако им треба многу да преживеат, средните им треба помош, а на најаголемите, е нив мерки за да можат да се консолидираат и како најголеми запчаници во создавањето на вредноста, да го продолжат вртењето и ги завртат средните, па за да на крај малите запчаници свртат и повеќе кругови.
Имено, направија нов сет на мерки, картички за трошење, поттикнување на домашната потрошувачка, мерки ќе ја зајакнеле комплетно индустријата, мерките толку се добри што ќе имало далекусежни резултати, многу јако, економски бум ќе направат, ехејјј….а за реализацијата, е тоа е идно време.
Но, затоа го почувствуваа моментот и за наредниов бран си прават калкулации на видео скринингот, стримингот де, колку ќе им припадне од помошта од 3,3 милиони евра, пари со евтини услови, упс 3,3 милијарди, ОПЦЕ, ОПСЕ, ОДИХР… на вонредната седница, да, вонредната состојба, како и кажа, ебаму… ебаму. Абе помош без пари, кој ти дава така пари, за ништо евра секој ден… абе пари се тоа…
Колку ме држи паметењето на УКИМ не постои факултет, сектор или катедра за лаги, каде ли дипломирал човеков. Неколкумина негови професори се со чуденки кому тоа предавале и дали станува збор за истиот човек, белким треба да си веруваат во она што го гледаат, истиот ќе да е, но тогаш каде магистрирал, но сега гледам и дисертација, докторска имал, сам себе се излажал.
Од 100 отсто изјави, во медиуми, јавни говори и настапи, математички прецизно 100 отсто се лага и тоа со 100 отсто гафови, за какви македонскава јавност не ни помислила, а следи јагодата на шлагот, од истите 100 отсто реализацијата е лага.
Па, Ве молам дајте му 100 отсто доверба нааа… човекот, уф… како ли му беше името.
Автор: Јане Вангеловски за НетПрес