Во вчерашната емисија „360“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски. При своето гостување Николоски посочи дека се потребни парламентарни избори каде што една партија или коалиција ќе добие поголемо мнозинство и стабилно за да ја реализира својата програма која што ја има ветено пред граѓаните. Изборите ќе бидат и можност да се стави крај на оваа неспособна влада.
„Да тргнеме од најтехничката причина резултатот на изборите на 15-ти беше таков да е невозможно да се формира една стабилна Влада во оваа композиција на Собрание, кој и да ја формира или формираше таа Влада што оди кон едно нестабилно владеење на било која Влада и неможност да ги реализира сопствените проекти. Тоа е од една страна, а од друга страна СДСМ во изминатиов период од август минатата година кога се конструираше Собранието до денес не покажа добра волја за сериозен политички дијалог со опозицијата. За тоа што односот им е како да имаат преку 80 пратеници, а имаат вкупно со се сите коалициони партнери 62. А, само СДСМ има 28 пратеници“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека дијалог помеѓу Владата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ можеше да се создаде и на тој начин да функционираше Собранието, но за жал не се создаде сепак СДСМ немаше волја за тоа.
„Затоа е потребно оваа ситуација да се расчисти на избори каде што една политичка партија или една коалиција од политички партии би добила стабилно мнозинство со цел да може да си ја реализира програмата која што ќе ја вети пред граѓаните“, истакна Николоски.
Николоски посочи дека Заев не може да изненади со пратеник плус, бидејќи тој говореше дека тоа ќе го направи но досега сите гледаат дека не е реализирано. И второ, 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се стабилни и Николоски гарантира дека во овој момент тие се на линија на реализација на тоа што го ветиле пред граѓаните. И тука простор има нула за било какво поместување.
„Неспособноста на власта секој ден се повеќе се гледа. Тука е интересно што треба да видиме дали до 28-ми март вакцини ќе стигнат во Македонија или не. Затоа што очигледно е дека на власта не и одговара да се зборува дека сме единствена држава во регионот и во Европа која што се уште не почнала со вакцинација. Дека сме единствена држава во која што за жал се губат човечки животи затоа што нема вакцини, и повеќе им одговара на власта да се зборува за нешто друго отколку за нивната неспособност да набават вакцини против КОВИД-19“, рече Николоски.