4.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

Објавена стихозбирка „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ со 18 автори

„Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ е насловот на најновата тријазичната збирка поезија во која се поместени песни од автори на возраст од 16 до 35 години. Книгата е подготвена во рамки на истоимениот проект на Здружението за култура „КРИК 094“ Гостивар.

-Задоволството да се создаде квалитетна збирка поезија од млади автори, со различен стил и сензибилитет, е навистина големо. Дотоколу повеќе што песните се објавени на македонски, албански и на турски јазик. Сето тоа води кон афирмирање на младите поети, сплотување на различните култури и јазици преку стиховите, велат од Здружението.

Во книгата се застапени: Стефан Марковски, Катерина Гогова, Давид Берат, Андреј Ал-Асади, Даниел Ѓорѓески, Бесјона Јусуфи, Мери Берат, Рина Јанкуловска, Мартина Даниловска, Гордана Балеска Трифуноска, Дејан Крстески, Даница Среткоска, Софија Тодороска, Ана Трпевска, Павлина Атанасова, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска и Рената Пенчова.

Во текот на претстојната недела, стихозбирката ќе им биде доставена на застапените поети и поделена во јавни библиотеки.

Проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ се реализираше со поддршка на Министерството за култура.