Заменикот на министерот за правосудство и воедно на сојузниот обвинител Род Розенштејн остро во петокот негираше дека во 2017 година раговарал за можноста за остранување од должноста на американскиот претседател Доналд Трамп поради неспособноста да владее, како што објави The New York Times.
Весникот кој во текот на претседателската кампањеа во 2016 година се стави јасно на страната на демократската кандидатка Хилари Клинтон и оттогаш е во постојана војна со републиканскот победник Доналд Трамп, се повикува на наводни повеќе анонимни извори, или кои наводни директно биле информирани за тие разговори или на оние кои ги виделе белешките на агентите на Федералното биро за истраги (FBI).
Еден од авторите на тие белешки, привремениот директор на федералната полциија Ендју Меккејб не ги демантирше но ниту ги потврди во петокот содржините кои ги наведува The New York Times.
„Не му е познато како еден новинар може да дојде до такви белешки“, напишал во соопштение неговиот адвокат Мајкл Бромович.
Род Розенштејн, како втор човек на американското правосудство, ја надледува ткн Руска истрага на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводното договарање меѓу тимот од изборниот штаб на Трамп и Москва.
„Сакам да бидам јасен: врз основа на моите лични разговори со претседателот, не постои никаква основа за повикување на 25-от амандман од американскиот устав кој овоможува остранување на претседателот на власт доколку неговата влада или Конгресот сметаат дека не е способен да владее“, напишал Розенштејн во соопштение за медиумите.
„Написот во The New York Times е неточен и некоректен“, истакнува обвинителот и предупредува на „анонимните извори кои очигледно се пристрасни и не се наклонети на министерството“ за правосудство.
Според The New York Times, Род Розенштејн наводно пролетта 2017-та, набрзо откако американскиот претседател го смени директорот на FBI, Џејм Коми, рекол пред сведоци дека би требало да се пријави Доналд Трамп поради хаосот кој владее во Белата куќа. Тој тогаш наводно ги убедувал другите членови на кабинетот да ја покренат процедурата за смена на претседателот, која никогаш во историјата не е употребена во САД, а е предвидена со 25-от уставен амандман. Ниту еден предлог на Розенштејн немал резултат, се истакнува во написот.
Авторот пишува и дека не знаел до која мера Розенштајн е подготвен да ја води таа процедура. Наводно му рекол на Меккејб дека мора да ги убеди министерот за правосудство, чиј заменик е, Џеф Сешн и тогашниот министер за внатрешна безбедност Џон Кели, да му се придружат.