Државното Обвинителство на Босна и Херцеговина побара притвор во понеделникот за уште двајца радикални исламисти осомничени за тероризмот кои минатата седмица со пет нивни соборци беа депортирани во земјата со лет кој го изведоа САД по поразот на џихадистичката групација Исламска држава.
Притвор е побарн за Армен Џелко кој во 2013 година отпатувал во Сирија, и за Мухарем Дуниќ кој во Сирија пристигнал следната година. И двајцата отпатувале со своите сопруги и ѝ се приклучиле на Исламската држава.
Обвинителството оценил дека притворот е потребен поради опасност од бегство на осомничените. На слобода осомничените би можеле да ја попречуваат истрагата, да прикриваат докази и да влијаат врз сведоци и соучесници, кој ќе сведочат за нивниот престој и војувањето во Сирија, смета обвинителство. Смета и дека на слобода Џелко и Дуниќ би можеле да сторат нови кривични дела со кои би ги вознемириле граѓаните и јавноста.
Според обвинителството, Дуниќ и Џелко во единциите на Исламската држава учествувале во воени активности кои се „тешки кршења на меѓународното хуманитарно право, со цел да се формира калифат на Исламската држава на просторот на двете земји (Сирија и Ирак) зафатени со војната“.
Споменетите двајца радикални исламисти по поразот на Исламската држава биле заробени од куирските сили кои ги држеле во заробенички логори од каде беа пренесени во БиХ. Во соопштението се наведува дека Обвинителството на БиХ и партнерските полициски и безбедносни агенции бил дојде до голем број докази за заминувањето и престојот на осомничените во Сирија.
За Дуниќ и Џелко, по кривичната обработка во државната полициска агенција SIPA, побарано е одредување притвор бидејќи по нив не била распишана меѓународна потерница за териростички активности.
Претходно во петокот беше соопштено дека притворот им е одреден на Емир Алишиќ, Сеад Касуповиќ, Миралем Бербич, Јасмин Касеровиќ и Хамза Лабиди. Оваа петорка, по којашто претходно е распишана меѓународна потерница поради тероризам, е дел од групата од седум мажи кои во четвртокот во Сараево се пренесени со специјалниот лет на американското воено воздухопловство од Сирија.