Очајниот Кирацовски и неговата СДСМ почнаа долна кампања против Силјановска Давкова

Генералниот секретар на владејачката СДСМ, Алескандар Кирацовски, во вечерашното гостување во емисијата на Анализа на ТВ 24 во паника од најавената „чистка“ на неговиот лидер Зоран Заев и во очај од вчерашниот пораз на претседатеските избори упати навреди кон кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

„Прво не можат ниту од госпоѓата Силјановска, ниту од господинот Мицкоски од албанофоб да направат албанофил“, изјави Кирацовски без да појасни на што точно алудира и која е смислата на реченото.

Ваквите навреди од страна на актуелни партиски и владини функционери не се прв пат, за време на изборната кампања и самиот кандидат за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, упатуваше навреди и омаловажувања по пол и возраст за професорката Гордана Силјановска Давкова, како и од шефот на изборниот штаб на Пендаровски, директор на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски каде што на социјалната мрежа фејбук пишуваше дека Силјановска во Бардовци треба да оди.

Но, иако Пендаровски ветуваше дека тој што ја навредил Силјановска ќе биде веднаш избркан од неговиот штаб, до ден денешен тоа не се случи, што покажува дека тој ги подржува ваквите навреди и недолични однесувања од страна на функционерите на СДСМ. Силјановска Давкова во неколку наврати истакна дека доколку биде избрана за претседател на Република Македонија, ќе биде претседател на сите граѓани без разлика на етничката, верската, политичката или било каква друга припадност. Имено, таа за Конвенцијата за избор на претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ во Струга изјави дека не е националист, а родена е во турска куќа и од 10 години има албанско побратимство.

Не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамки на уставот. Нешто лично ќе ви кажам, родена сум во турска куќа, а од 10 години имам албанско побратимство, истакна Силјановска Давкова.

Ова уште еднаш покажува дека СДСМ и Кирацовски се исплашени од вчерашниот резултат од првиот круг на претседателските избори каде што Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ имаа убедлива победа во 47 општини, додека нивниот заеднички кандидат Стево Пендаровски само во 17 општини.