![slovenija-korona-virus-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/slovenija-korona-virus-1.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени само седум нови зарази со коронавирусот, но од само 371 тестирање, што е вообичаено преку викендот, објави во понеделникот словенечката влада.
Во моментов во словенечките болници се згрижени 19 пациент кои се лекуваат од Covid-19, од кои тројца се на интензивно лекување.
Втор ден по ред по подолго време повторно е забележан нов смртен случај, па сега бројот напочинатите како последица на зараза со коронавирусот се зголеми на 113 лица.
Споед словенечкото министерство за здравство ниден од новите случаи не се однесува на популацијата од домовите за стари лица, ниту на здравствените работници.
Исто така, не е забележан нов случај на зараза во малата општина Одраница на североистокот на земјата, каде што беше едно од поголемите жаришта и каде во петокот беа потврдени пет нови случаи кои се проширија во тамошната детска градинка и поради што во изолација се 17 лица.
Според моменталните податоци, бројот на потврдените зарази од почетокот на епидемијата во Словенија е зголемен на 1.953, од кои 237 се активни случаи на заразата.
Четворица од новозаразените се помлади лица, по двајца во групата од 35 до 44 години и во групата од 45 до 54 години. По еден заразен е во групата постари од 85 години, во групата од 65 до 74 и во групата од 55 до 64 години.