Октобарфест откажан и годинава

Еден од најголемите собири на светот, минхенскиот Октобарфест, поради пандемијата на коронавирусот нема да биде одржан ниту годинава, соопшти во понеделникот премиерот на германската сојузна покраина Баварија, Маркус Зедер на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Минхен.

„Дискутиравме што да правиме во светлото на пандемиската ситауција. Договоривме општи препораки. Одлуката, се разбира, во рамките на законот за епидемиолошката заштита им припаѓа на локалните власти, но бевме едногласни во мислењето да се препорача одложување на големите народни празници годинава“, рече Зедер по консултациите со градската управа на Минхен.

„Прво, ситауцијата е промногу неизвесна, вклучувајќи ги високите економски обврски кои треба да се направат, откажувањето поради високата инциденца ќе доведе до значителна економска штета. Второ, може да му биде нанесена штета на брендот Октобарфес, секако… може да биде нарушен доколку се одржи со значителни ограничувања. И, трето, хаотичната ситауција може да има во класичните шатори за повик, каде што придржувањето на барањата за носење маска, одржување на далечината и другите мерки практично е невозможно“, додаде Зедер.

Баварскиот премиер и на другите градови во сојузната покраина, кои организираат манифестации слични на Октобарфестот, им препорача и оваа година да се воздржат од организириње на собирите.

Минхенскиот градоначалник Дитер Рејтер рече дека одлуката е донесена уште сега, бидејќи „не би имало смисла“ да се чека натаму, имајќи ги предвид опсежните подготовки коишто се потребни за оваа манифестација. Додаде дека „за мене лично ова е многу тешка одлука“.

Одлуката за неодржувањето на Октобарфест е донесена поради преголемата опасност од ширење на заразата во преполните шатори во кои се одржува празникот на пивото, и покрај очекувањето дека до септември најголем дел од германските граѓани ќе бидат вакцинирани.

Годишнешниот Октобарфест требаше да се одржи од 18-ти септември до 3-ти октомври. Претходните години Октобарфест го посетуваа по околу шест милиони посетители. Последниот Октобарфест, кој се одржа во 2019 година, градот Минхен оствари приход од 1,23 милијарди евра.

Според испитувањето на јавното мнение коешто го објави дневниот весник Augsburger Allgemeine, 69 отсто од испитаниците во Баварија се залагале за тоа оваа година Октобарфест да не се одржи.