Опожарениот автомобил кај „Зебра“ е на роднина на Заев

1717

Запаленото возило марка „БМВ“ утрово на паркингот на трговскиот центар „Зебра“ е на Александар Д. роднина на премиерот Зоран Заев, неофицијално дознава Нетпрес.

Сопственикот на опожареното возило се занимава со градежништво, а неговиот брат Методија Д. е сопственик на познат новоотворен екслкузивен скопски ресторан.

Пред две години, кај градскиот стадион беше запален автомобил марка „порше“, исто така сопственост на Александар, но, тогаш возилото беше управувано од неговиот брат Методија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.