Ослободена Индонезијката од случајот со атентатот на Ким Џонг-нам

Индонезијката којашто во 2017 година за убиството на полубратот на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун кој живееше во егзил пуштена е од притвор во понеделникот, откако малезискиот суд го отфрли обвинението за убиство.

По судската одлука, 26-годишната Сити Аисјах ја прегрна сообвинета Доан Тхи Хуонг, 30-годишна Виетнамка, и заплака, пренесува Reuters.

Двете жени се обвинети дека со течноста VX, забрането хемиско оружје, на аеродромот во Куала Лумпур во февруари 2017 година го отруле Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

Од самиот почеток на случајот постоеја сомненија дека Ким Џонг-нам е жртва на заговор кој го организирале севернокорејски агенти кои ја напуштиле Малезија неколку часа по убиството, а двете жени биле само пиони во политичкиот атентат, Сити Аисјах работела како масерка во Куала Лумпур, додека Доан себе се опишува какао забавувачка.

„Сѐ уште веруваме дека таа била само жртвен јарец. Сѐ уште верувам дека Северна Кореја е поврзана со тоа“, изјавил за новинарите Гус Сун Сенг, адвокат на Индонежанката.

Судењето на Сити Аисјах беше прекинато во декември минатата година. Обвинителите во понеделникот изјавија на судот дека им е наложено да го повлечат обвинението против Сити Аисјах. Не ја навеле причината за повлекувањето.

Откако судот ја ослободил Сити Аисјах е видене како е отпратена до автомобил на индонезиската амбасада кој ја чекал пред зградата на судот. Иако судот ја ослободил, го одбил барањето на нејзиниот адвоката да биде целосно ослободена од обвинението, поради можноста да биде повикана на нови докази.

Нападот врз Ким Џонг-нам, кој некогаш беше сметан за можен лидер на Северна Кореја, се одигра на 13-ти февруари 2017-та, а набрзо беше прогласен за мртов. Тој од Куала Лумпур требало да лета за Макао, каде што во егзил живее повеќе години со семејството.

Ким Џонг-нам, наводно бегал од Северна Кореја и се сокрил во Малезија, откако неговиот брат го ликвидираше нивниот чичко Јанг Сонг-таек, откако јавно ја критикувал династијата поради контролите врз животите на граѓаните кои ги води во изолираната нуклеарно вооружена комунистичка земја.

Станува збор за најстариот син на Ким Џонг-ил, поранешниот севернокорејски водач, кој преживеа обид за атентат во Макао веднаш по починувањето на неговиот татко. Неговата мајка е познатата севернокорејска актерка Сонг Хе-рим. Мајка на актуелниот севернокорејски диктатор, пак, е севернокорејската актерка и танчарка од јапонско потекло Ко Јонг Хуи.

Додека своевремено го сметаа за наследник на неговиот татко на чело на комунистичка Северна Кореја, тој Ким Џонг-нам падна во немилост на тамошните власи и политичка елита откако во 2001 година се обиде да влезе во Јапонија со фалсификуван пасош, придружуван од две жени и дете. Оттогаш живее во странство, најчесто во Макао