Мажот кој беше притворен поради експлозијата од минатата седмица во францускиот град Лион во кој беа повредени 14 лица, признал дека ја направил и поставил експлозивната направа, потврди во петокот француискиот обвинител Реми Ејц.
Бомбата екслодираше рано попладнето минатиот петок пред пекарница во пешачката зона во фреквентниот центар на Лион.
Осомничениот, кој беше приведен во понеделникот, рекол пред иследниците дека „во своето срце“ ѝ се заколнал на верност на терористичката џихадистичка организација Исламска држава.
Двесет и четиригодишниот осомничен маж, кој во Франција пристигнал со туристичка виза во 2017 година и потоа останал во земјата, во петокот бил изведен пред истражен судија. Неговите родители и братот, исто така, беа притворени во рамките на истрагата, а во четвртокот биле ослободени бидејќи немало докази за нивнна вмешаност.
Во низатата терористички напади кои започнаа во Франција кон крајот на 2015 и следната 2016 година убиени се 237 лица, а главно нападите ги изведуваа припадници или следбеници на Исламската држава. Од 2017 година уште 13 луѓе се убиени во пет помали напади.