Осум лица заразени со ебола во ЕУ

Осум случаи на заразени со ебола регистрирани во ЕУ, соопшти портпаролот на Европската Комисија, Фредерик Венсан.

Тој нагласи дека не постои ризик од еппидемија.

– Сите случаи на заболени се поврзани со лица што се вратиле од региони во Африка, нагласи Венсан.

Портпаролот вели дека во Европа се почитуваат строги правила во врска со тоа заболување и поради тоа „нема ризик од проширување на болеста или почеток на епидемија“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска за првпат ќе заседава со Кризен комитет на Влдата за разгледување на заканата од ебола во обид да смири тензии во јавноста од можностите за проширувањ ена смртоносниот вирус во Европа.