Откажани половина летови на Ер Франс порад штрајк на контролорите

Четиригодишно дете прошверцувано во чанта во авион
Четиригодишно дете прошверцувано во чанта во авион

Ер Франс денеска објави дека за овој петок откажува 55 отсто од летовите на кратки и средни дестинации и 10 отсто од летовите на долги релации поради штрајк на француските контролори на летање.

Дополнително, во последен момент се можни доцнења и откажувања на летови, се предупредува во соопштението и се додава дека засегнатите страни ќе бидат известени поединечно преку СМС и електронска пошта.

Ер Франс, кој ќе откаже околу 400 од 800 летови закажани за в петок, ги повика патниците да ги одложат патувањата планирани за тој ден.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство ги повика авиокомпаниите да откажат половина од летовите.

Националниот сојуз на контролори на летови, кој бара зголемување на платите поради инфлацијата и ангажирање дополнителен персонал, прогласи штрајк во Франција и нејзините територии во странство.