Отворено писмо до амбасадорот на Холандија – Ќути, слушај и учи „амбасадоре“!

Во изминатиов период на нашето медиумско поднебје многу актуелен сака да биде Амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Дирк Јан Коп. Ни држи лекции за корупција, амааа, тоа го прави селективно, односно така како што сака нашиот мил и драг Дирк Јан Коп и секој нормален во оваа држава разбира дека споменатиот мисли сите ние за 100 евра сме спремни да се правиме дека имаме блага ретардација. За негова жал и погрешна перцепција, која му ја наметнале неговите локални вработени, го заслужува следниов пристап од нас нормалните кои се грижиме за Македонија да му се обраќаме со „друже ЛАЛЕ амбасадорчиќ“.

Имам уште многу епитети да му зададам на „Амбасадорот“, но мојата култура и домашно воспитување, за разлика од неговото, не е формирано во институција во која ти велат дека оние онде се диво племе, туку напротив е домаќинско и одговорно. Нашиот гостин во нашата држава Македонија мисли дека ние немаме познавање кој е Албрехт Дирер и за неговата легендарна „Носорог“ креација на дрворез и нормално одма графика. И ова се учи кај нас.

Кога ќе помислам на Холандија веднаш ми доаѓа сликата од евроголот на Марко Ван Бастен кога го совлада Ринат Дасаев на Европското првенство во фудбал 1988. До него Руд Гулит и останатите. Легенди.

Амааа… ние сепак сме за него диво племе. Многупати сум се запрашал зарем немаат контакт со реалноста и да разговараат со нас нормалните кои имаат многу што да кажат. Јас во оваа колумна многу ќе кажам во кратки црти, а народот мој напатен од „Амбасадорот“ и неговите пајташи сам нека проценува.

Повод е донацијата од Агенцијата за Медиуми-АВМУ (во продолжение Агенцијата) кон ИРЛ во вредност од 5 милиони денари, кои наводно ќе ги трошат за развој на истражувачкото новинарство. Во соопштението од Агенцијата се споменува и Кралството Холандија и оваа донација се претставува како врв на демократијата.

Како голема напомена ИРЛ учествуваше во стигматизација на здравствени организации и ширење на паника во време на ПАНДЕМИЈА и уште пострашно имаше криминогено дело неовластено снимање и пуштање во промет на Јавен Радиодифузен Сервис на бизнисмен, не на функционер политички од Кичево, за кое се лежи ефективен затвор од 1 година. За ова загрижениот антикорупционер од Кралството Холандија ЌУТИ како да го „завариле и залеале со железо во муцето“.

Напротив ова е врв на корупцијата. Оваквиот тип екскурзии завршија во 2005 година. За жал лицето Зоран Трајчевски во кого беше инвестирано од страна на медиумите дека може да биде личност со минимум познавања во медиумскиот свет, а во исто време сам да се промовира како „експерт“ ги изневери и прелажа најголемите измамници не само во медиумите, туку и во политиката и во обвинителството. По ново и во новинарството (ЗНМ). Во Агенцијата за Медиуми членуваат луѓе со истечени мандати за кои лекциите по морал и етика се одамна затворени, ама да прифатат вакво манипулирање тогаш значи дека очите им се заматени. Јас лично им простувам на моите другари од АВМУ, ама мора да почнат разговори на поинакво ниво.

Принципите за функционирање на АВМУ се поставени како световно писмо во далечната 2005 година благодарение на преговорите помеѓу професионалните медиумски организации и д-р Владо Бучковски како Премиер и неговиот клучен преговарач Дејан Кошутиќ. ЗНМ учествуваше како новинарско здружение, а не како сега во кое владее Младен Чадиковски како рекетарска организација која ќе правела истражувачки стории за тутунски производи и истите ќе биле платени од тутунска корпорација. Пак „ЌУТИШ АМБАСАДАОРЕ“! Да не не ти е јасно што збориме или пак немаше информации? Да имаше истражувачки стории кај овој тип на новинарство можеби ќе се расчистеше дилемата дека ти „АМБАСАДОРЕ“ немаш извршено државен удар во МАКЕДОНИЈА кога ненадејно снема еден народен избраник-пратеник, за кого нормалните новинарско истражувачки информации велат дека бил во амбасада која е на улица Ленинова карши поранешната легендарна кафана Дане, и многу сакале како амбасада цвеќиња и асапарагуси.

Точките од преговорите се едноставно демократски и се следните:

  1. Регулаторно тело кое регулира медиуми повеќе не е концендент (доделува коценсии по наредба) во име на Владата на Македонија и има право да самостојно донесува одлуки за доделување на Дозволи за работа
  2. Поради големите корупциски „озборувања“ за доделување на парични средства на медиуми и продукциски фирми, најстрого се забранува доделување било каков паричен или непаричен надомест на претходно споменатите
  3. МРТВ е медиум со годишен Буџет од 50 милиони евра
  4. Македонска радиодифузија е стратешки телекомуникациски и безбедносен субјект
  5. Развој на Медиумите. Интернет протокот се зема како официјален проток на сигнал и со тоа се развиваат новински агенции, дневно-информативни медиуми и комплементарни канали на другите медиуми

Оваа последна точка значи многу работи. Еве од наједноставните. Сите телевизии имаат право да се развиваат и да отворат дополнителни програмски сервиси (на пример 10 ТВ канали, какви они сакаат) за соодветен надоместок итн. (извини „Амбасадаоре“ ама на твоите потрчковци, се извинувам експерти за медиуми, нема без пари,  но и со пари информации) и да се воспостави конкурентен пазарен однос помеѓу сите типови на медиуми и да воспостават веднаш релација со Стопанските комори во Македонија

За жал „Амбасадоре“ твоите вработени, посебно од Македонија, прво што ќе ти кажат после ова кратко писмо е лседново: „Го познаваме мноу е АГРЕСИВЕН“. Да, точно е тоа. Нив ги нема во ниеден извештај иако „агресивно“ бараат место, а јас… моето знаење е само за мене и моите најблиски интелегентни луѓе од цела југоисточна и централна Европа.

Заклучок

Ве молам да престанете „Амбасадоре“ да мислите дека сте Ангела Агелер. Не сте и неможете да бидете. Ама ако сте воздржан и имате добро чувство како човек, можеби ќе добиете внимание од нас нормалните. Кога ќе се потсмеваш „Амбасадоре“ на писмово и ќе збориш од позиција на сила и да смислуваш како за дополнителен раздор во договор со твоите „потрчковци“ од амбасадата, да запамтиш. Виктор Грозданов неможеш да го купиш како Славица Грковска, Артан Груби и остала екипа која се возбудува на „странците“, ама можеш како денес да добиеш коректен текст.

П.С. Го замолувам мојот голем учител од Карпош 1 од Руѓер Бошковиќ 8, да престане да молчи и да му се затворени очите кога е во прашање Зоран Трајчевски. Ти си дипломатска легенда која не’ научи да си ја сакаме нашата Македонија. Дојдено е до Бале, драг мој учител.

Да живее Македонија!

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес