Озонска терапија, еликсир на 21 век

За озонот знаеме дека кога е во пониските атмосферски слоеви се смета за загадувач на Земјиното ниво. Додека пак, озонската обвивка во горните делови на атмосферата го заштитува животот на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација.

Знаеме уште дека озонската терапија, наречена тивка оксигенација се применува во козметички цели, брадавички, молови и други начини за разубавување, вклучувајќи ја и денталната терапија.

 

Но, многу малку знаеме за примената на озонот во медицински цели. Пред сѐ, озонот е високо реактивна молекула што покажува одлични бактерицидни, антивирусни и фунгицидни особини. Неговата употреба во медицински терапии се покажа како многу безбедна, практично без несакани и негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Имено, озонот или активниот кислород многу побрзо и илјадници пати поефективно ги уништува бактериите кои се основен причинител за воспаление од било кој друг дезифициенс во природата, и тоа преку реакција на оксидација или силно антимикробно дејство.

Иако позитивното влијание на озонот врз човековото здравје не е нова работа, озонот на еден или друг начин се користи уште од средината на 19-от век медицински или за хигиенски цели. Првото спомнување на озонската терапија во медицинските магазини датира од 1920 година, во Британскиот медицински журнал The Lancet. Бројни научни истражувања го потврдуваат неговиот ефект врз цел еден спектар на болести, од рак или обична настинка па се до СИДА.

Науката своите истражувања првенствено ги насочи кон откривање на причините за голем број од болестите. Имено, откри дека голем број на болести настануваат првенствено поради недостаток на кислород во ткивата и поради натрупување на токсини во телото. Органските материи, при доволна количина кислород се трансформираат во јаглерод диоксид и вода; молекули кои телото лесно може да ги елиминира. Меѓутоа, во состојба на хипоксија или недоволно снабдување на кислород до ткивата, чија последица е пореметување во функционирањето на органите (поради пушење, лоша исхрана, консумирање алкохол, болест, стрес, неправилно дишење, итн), токсините се акумулираат во ткивата и го нарушуваат нормалното функционирање на организмот.

Затоа, хипоксијата е основа на скоро секоја болест, без разлика дали станува збор за инфекција или дегенерација, односно мутација на ткивата. Штом еднаш ќе влезе во телото, озонот, во форма на активен кислород и продукти од неговото распаѓање, доаѓа во контакт со анаеробните организми и ги уништува инфицираните клетки, притоа не штетејќи им на здравите клетки. Поточно, бактериите имаат околу седумнаесет пати понизок метаболен потенцијал од човекот и како такви не се во можност да произведат доволно антиоксиданси, кои го намалуваат активниот кислород на контролиран начин, и со тоа се намалува оштетувањето на клетката. Друго научно истражување тврди дека гранулоцитите, клетки кои се појавуваат на местото на инфекција, користат водород пероксид (еден од производите од распаѓање на озонот во телото) како прва линија во борбата против инфекциите.

Студиите покажуваат и докажуваат дека за само 10 секунди озонот го остварува својот поволен ефект, но истовремено ги стимулира сите имунолошки одбранбени механизми и ја зголемува циркулацијата во заболеното ткиво.Јасно е дека озонот има ефект на многу широк спектар на болести и делува на повеќе начини; преку создавање на неповолна атмосфера за развој на патогените организми, јакнење на имунолошкиот одговор и директен ефект на патогените организми кои се затекнати во организмот. Терапијата со озон во овој момент е призната во преку 15 земји и од сите пациенти кои поминале некој тип на терапија со озон не е забележана ниту една смрт или потешка последица како несакан ефект од терапијата.

Главни придобивки од Gold Ozone

Зголемување на имунитетот, забрзување на циркулацијата, одложување на процесот на стареење, намалување на стресот и на хроничниот замор, подобрување на концентрацијата се само дел од придобивките од користењето на озонот. Истовремено, овој гас е и природен антибиотик кој за кратко време ги уништува упорните вируси, бактерии и габички. Озонот уште се нарекува и чудотворен борец против овие бактерии и вируси со оглед на тоа дека различни медицински истражувања спроведени во изминатите години покажаа дека тој е природен антибиотик кој за многу кратко време и многу поефективно ги уништува и најупорните „штетници“ во организмот. Резултатите од истражувањата покажуваат дека личностите чиј организам е потхранет со озон имаат подобар имунитет, поубав тен и многу поведро расположение.

Студиите на различни германски и руски лекари потврдија дека озонот во голема мера го зајакнува имуниот систем и енергетскиот потенцијал на организмот. Понатаму, постојат различни комори и шатори со озон, како и озонски сауни во кои овој гас се апсорбира преку порите на телото. Друг метод е земање на крв од пациентите која во специјална постапка се збогатува со озон и повторно се враќа во телото на луѓето. Поголемиот дел од овие методи се покомплицирани и се одвиваат во специјални установи сертифицирани за вакви постапки. Поради тоа, се смета дека наједноставен метод за внесување на озон е орално конзумирање на озонирана вода или пак капсули збогатени со озон.