Пјонгјанг порача дека САД немаат што да понудат на разговорите за нуклеарната програма

Северна Кореја порача во червртокот дека САД немаат што да понудат на евентуалните обновени разговори чија цел, од американска перспектива, е да се наговори Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма, откако Вашингтон порача дека е подготвен да преземат „конкретни чекори“ за осигурување на договорот.

Пјонгјанг ги критикуваше САД поради свикувањето на седницата во средата на Советот за безбедност на ОН на кој се бараше пподготвеност за „реакција“ доколку продолжат севернокорејските нуклеарни и тестови на интерконтинентлани блаистички проектили, порачувајќи дека станува збор за „глуп потег“ кој би можел да придонесе Северна Кореја да донесе јасна одлука.

„САД зборуваат за дијалог секогаш кога ќе отворат уста, но многи е приридно САД да немаат што да ни понудат, иако дијалогот би можел да се започне“, изјави портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи во соопштение коие го цитира државната новинска агенција KCNA.

Петнаесетчлениот Совет на безбеднист на ОН се сретна поради зголемената загриженоста дека Северна Кореја би можела да продолжи со тестирањата на нуклеарни и проектили со долг дострел, суспендирани во 2017 година, затоа што се во застој преговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Американсаката амбасадорка во ОН, Кели Крафт, рече во средата во Њујорк и дека САД се подготвени „симултано да преземат конкретни чекори“, кон договорот за нуклеарната и програмата за проектили на Северна Кореја, но додаде дека Советот за безбедноста мора да биде подготвен да реагира на секоја провокација.

„САД говореа за ‘соодветна реакција’ на состанокот. Меѓутоа, како што веќе објавивме, немаме што повеќе за губење и подготвени сме да преземеме соодветни противмерки за сѐ што САД ќе одлучат“, додава портпаролот на севернокорејската дипломатија.

Американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биеган, ќе го посети Сеул следната седмица и ќе се сретне со јужнокорејските функционери, што многумина го толкуваат како обида „да се спаси“ дијалогот со Северна Кореја.

Пјонгјанг неодамна најави „Божикен подарок“, доколку САД до крајот на годинава не го променат пристапот и доколку продолжи статус-кво ситуацијата. Последните неколку месеци официјален Пјонгјанг сѐ почесто потсетува дека кон крајот на годината истекува рокот за одговор од САД за давање нови предлози за решавање на ситуацијата на Корејскиот полуостров. Според тамошното министерство за надворешни работи, Пјонгјанг веќе доволно направил на средбите со Американците.

Кинескиот амбасадор во ОН, Жанг Џун, изјави во средата дека императив на Советот за безбедноста е да ги намали меѓународните санкции за Северна Кореја, за да се поддржат разговорите меѓу Пјонгјанг и Пекинг.